Aлжир осуди 49 лица на смртни казни поради линч на лажно обвинет човек за шумските пожари

Суд во Алжир осуди 49 лица на смрт поради линч на човек лажно обвинет за подметнување смртоносни шумски пожари за време на продолжениот топлотен бран минатата година.

Смртните казни во Алжир речиси секогаш се заменуваат со доживотен затвор и немало егзекуција во земјата од 1990-тите кога владата се бореше против исламистички бунт во граѓанската војна во која загинаа стотици илјади луѓе, пренесува Франс24.

Убиството на 38-годишниот Џамал ​​Бен Исмаил, ја шокираше земјата. Тој беше осомничен дека ги подметнал пожарите во кои загинаа најмалку 90 луѓе, по што се пријавил во полициска станица во регионот Тизи Узу. Бил ослободен и откако отпатувал во Кабилија, Бен Исмаил бил заробен од десетици млади луѓе од Ларб Нат Иратен и жив запален, според сведочењето и видеата презентирани за време на судењето.

Подоцна се покажа дека Бен Исмаил, уметник од Милиана (230 километри или 140 милји позападно), се упатил во регионот како волонтер за да помогне во гаснењето на пожарите.

Десетици луѓе загинаа во пожарите, а градовите и селата останаа во урнатини. Надлежните тогаш соопштија дека пожарите ги подметнале пиромани, не наведувајќи никакви детали.

Судиите осудија и 37 други лица на казни од две до 10 години, а 17 други ослободиле.