Алжирскиот претседател и покрај мозочниот удар и годините повторно ќе се кандидира

Осумдесет и едногодишниот алжирски претседател Абделазиз Бутефлика, и покрај кревкото здравје ќе биде кандидат на Фронтот на националното ослободување (FLN), која е негова партија, на претседателските избори предвидени за април 2019 година, соопшти во неделата вечерта генералниот секретар на партијата Џамел Улд Абес.

Како што пренесува официјалната алжирска новинска агенција APS, претседателот Бутефлика, кој неговата матична партија веќе половина година го наговара да се кандидира за петтиот мандат и кој во 2013 година доживеа моочен удар, не се изјаснил директно по ова прашање, како ниту неговите најблиски соработници.

„Претседателот Бутефлик, кој е и претседател на парттијата, е кандидат на FLN на претседателските избори во 2019 година… Оваа кандидатура ја поддржуваат сите во врвот на партијата и активистите на FNL на целата национална територија“, изјави Улд Абес, генерален секретар на партијата на свеченоста по повод новиот претседател на парламентарната група на партијата, Мохамед Буабдалах.