Аманда Горман – ѕвездата на инаугурацијата на Бајден за која зборува цела Америка

Поп-ѕвездата Лејди Гага ја пееше химната, латино дивата Џенифер Лопез ја изведе песната „This is Your Land”, но шоуто на инуагурацијата на 46. претседател на Америка го украде 22-годишната поетеса Аманда Горман. Младата Афроамериканка ја рецитирраше својата песна „Ридот што го искачуваме“ и за миг ги освои срцата на Американците и на другите кои ја следеа инаугурацијата.

Горман е прилично популарна во САД, а до вчера за остатокот на светот беше непозната. Родена е во Лас Вегас 1998 година. Како дете имала говорна мана (исто како претседателот на САД Џо Бајден). Но, токму тој недостаток ја натерал да ги оствари своите соништа.

„Поради тоа станав издавач на книги и се трудам убаво да раскажувам. Кога мора да учите како да ги изговарате гласовите и се грижите дали правилно ги изговарате, тоа ви дава одредена свест за акустиката“, изјави во едно интервју за Лос Анџелелс Тајмс.

Во поезијата се вљубила многу рано. За време на школскиот одмор во тетратка ги запишувала своите идеи. На 16 години била именувана за најдобра млада поетеса во ЛА. Три години подоцна, додека студирала социологија на Харвард, била именувана за национална млада поетеса, награда која им се доделува на артисти кои покажуваат посебни вештини во уметноста, кои се силни водачи и се посветени на општествената правда.

Горман е шеста поетеса и воедно најмлада која настапила на претседателската инаугурација. Повикот за учество го добила минатиот месец, кога првата сама Џил Бајдан ја видела и ја чула како настапува во Конгресната книжарница и се одушевила.

За Њујорк тајмс изјавила дека инспирација за песната барала во американските водачи кои успевале да го обединат народот во време на интензивна поделба, како што се Абрахам Линколн и Мартин Лутер Кинг помладиот и во други големи поети кои настапувале на инаугурации како Маја Ангелоу и Роберт Фрост.

Не добила насоки што точно треба да напише, но знаела дека темата била „Обединета Америка“. Пред две недели имала напишано само пола од поемата и одеднаш ја фатило паника. Потоа се случил напапдот на зградата на Конгресот на 6јануари и додека ги гледала тие невеојатни сцени, инспирацијата и се вратила и за една ноќ успеала да ја заврши песната.

„Видовме сила што ќе ја разбие нашата нација наместо да ја сподели

Што ќе ја уништи нашата земја ако тоа значеше одложување на демократијата.

И овој обид речиси и да успеа. Но, иако демократијата може периодично да се одложува,

Никогаш не може трајно да се победи“.