Нема можност за поднесување на амандмани на нацрт амандманите во втората фаза во постапката за промена на Уставот стои јасно, во Деловникот за работа на Собранието.
Премиерот Зоран Заев истакна дека секој пратеник може да поднесе амандмани на амандманите, што е спротивно на членот 198, став 1 од Деловникот каде е објаснето дека во оваа фаза пратениците можат само да изнесуваат мислења и да дискутираат за веќе поднесените нацрт амандмани, објави Алфа ТВ.
Претресот во Собранието се води по текстот на нацртот на секој амандман одделно и може да се дадат мислења и предлози. Претресот може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно. Пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.
За содржината на деловникот потсети и екс претседателот на парламентот,Трајко Вељановски кој изјавата на Заев ја искоментира како несериозна бидејќи според Деловникот на собранието, во сегашната фаза нема можност за поднесување на амандмани.
Деловникот за работа на Собранието на РМ е јавен документ, достапен за сите. Пратениците сегашни и бивши сигурно знаат, но не и сите граѓани на РМ дека: Во втората фаза на нацрт амандманите нема можност за поднесување на амандмани! Затоа изјавата на Зоран Заев е по малку не сериозна, изјави Трајко Вељановски, поранешен претседател на Собранието.