Amazon отпушти дваjца вработени поради критики на условите за работа

Американскиот гигант во продажбата преку интернет „Amazon“ во вторникот отпуштил двајца свои вработени коишто ги критикувале условите за работа во складиштата во време на пандемијата на коронавирусот, образложувајќи дека „оперативно ги кршеле интерните прописи“.

Откази добиле Емили Канингем и Марен Коста, дизјанери во седиштето на компанијата во Сиетл, неколку седмици откако поради обвинувањата дека компанијата не ги преземала заптитните мерки против ширењето на коронавирусот и не се грижи за здравјето со своите работници, отказ добил работникот на Кристијан Смајлс.

Последниот ден од март повеќе десетици вработени во стовариштето на „Amazon“ на Стејтен Алјанд, на југот од Менхетен во Њујорк, ја прекинаа работата за да предупредат на условите на работа на работниците во складиштеата и службата за доставување, како и на третманот на хонорарните работници, откако во компанијата беа забележани неколку случаи на зараза со коронавирусот.

Од „Amazon“ соопштија дека го поддржуваат „правото на секој вработен да ги критикува условите за работа на работодавецот, но тоа не значи дека не мора да ги почитуваат внатрешните прописи“.

Најголемата светска компанија за електронска продажба работи на подобрување на безбедносните протоколи, одржувањето на своите складишта, а на клиентите кои мора да останат дома поради упатствата од нивните национални влади им ги доставува неопходните стоки до домашниот праг.

Весникот The Washington Post објави дека двајцата вработени кои се жалеле припаѓаат на активистичката група „Правда за климата“ којашто делува во рамките на компанијата и којашто постојано забележува за неопоходноста од засилена грижа за работниците во складиштата.

Откако пред две седмици работниците во Њујорк објавија дека „лицата кои се тестирани и биле позитивни на вирусот работат во таа зграда и го пренесуваат (вирусот) на стотици други“, од „Amazon“ одговорила дека „обвинувањата едноставно се неосновани“.

Компанијата преземала „радикални мерки за да ја гарантираме безбедноста на луѓето, коишто опфаќаат длабинско чистење трипати почесто откопку вообичаено, набавка на достапна безбедносна опрема и измена на процедурите за да ја гарантираме сигурна дистанца“, возвратија од „Amazon“.