Амбасадите на САД и на Велика Британија во Белград и во Приштина во неделата вечерта побараа отстранување коешто етничките Срби го поставија на северот од поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија кои протестираат втор ден со ред поради апсењето на српски полицаец кој заедно со свои 600 колеги се повлече од косовската полиција, а српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика на воздржаност од насилства и провокации Србите и Албанците од покраината која во 2008 година еднострано со поддршка на Западот прогласи независност.
Втор ден со ред во неделата камиони и тешки возила ги блокираа главните сообраќајници на северот на Косово населен претежно со етнички Срби кои водат кон двата административни премени со централна Србија, а и двата и натаму се затворени за сообраќај.
Европската правосудна мисија на Косово (ЕУЛЕКС) соопшти во неделата дека врз нивна извидувачка патрола на северот била фрлена шок-бомба и дека нема повредени. Притоа, нема посочување за осомничени за овој инцидент.
Белград и Приштина меѓусебно се обвинуваат за предизвикување на тензиите и провокации, а во објавите на социјалните мрежи и српскиот претседател Александар Вучиќ и српската премиерка Ана Брнабиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти побараа асистирање од меѓународната заедница во надминување на тешката криза.
САД вечерва истакнаа „длабока загриженост“ поради моменталната ситуација и во заедничка објава на амбасадите во Белград и Приштина побараа итно отстранување на барикадите, повикувајќи ги и двете страни на дијалог и воздржување од провокации за да се избегне натамошна ескалација.
Се истакнува дека се има разбирање дека „косовските власти притвориле лице осомничено за вмешаност во насилен напад врз косовската полиција и тела на изборната комисија“, со оцена дека тоа апсење „се користи како оправдување за нелегалните блокади на патиштата, како и закани и застрашување на косовските власти и локалното население“.
„Оние кои ги подигнале нелегалните барикади треба веднаш да ги демонтираат“, порачуваат двете американски амбасади.
Набрзо потоа со иста објава се придружија и амбасадите на Велика Британија во Белград и во Приштина со идентични оцени и пораки, со „целосна поддршка на силите“ на НАТО на Косово во мисијата КФОР ви нивната работа да пружат безбедност и да осигурат слобода на движењето и придонесот на Мисијата на ЕУ за владеење на правото (ЕУЛЕКС).
„Очекуваме да бидат отстранети сите нелегални блокади на патиштата и да се стави крај на секоја закана со насилство и заплашување… Одлучно ги осудуваме како неприфатливи сите напади врз косовските и меѓународните безбедносни агенции“, порачуваат британските амбасади повикувајќи на „максимална воздржаност“.
„Го повикуваме косовските власти да се воздржат и српските власти да го искористат своето влијание за да постигнат деескалација на ситуацијата. Дијалогот со кој управува ЕУ е средство за решавање на конфликтите и постигање на договор за нормализација на односите“, се оценува во објавата на британските дипломати.