![Angry-birds](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/Angry-birds.png?resize=696%2C283&ssl=1)
Со одредени апликации за „паметни телефони“, па дури и популарната игра „Енгри Бирдс“ американската НСА и британската ГЦХК шпионирале и собирале чувствители податоци за корисниците.
Според „Гардијан“, двете разузнавачки служби научиле како да користат одредени апликации за „паметни телефони“, меѓу кои и хит играта „Енгри Бирдс, која пренесува приватни информации за корисниците ширум интернет.
Податоците кои „истекуваат“ во комуникациските мрежи од новите генерации на „ајфон“ и „андроид“ варираат, и има најразлични модели.
Преку некои апликации може да се стигне до најчувствителните информации за корисниците, како сексуалната ориентација.
Ваквите апликации на разузнавачките телефони им овозможува, наместо да хакуваат одредени телефони, да ги користат постојните алатки за масовен надзор. Користењето информации од телефоните е приоритет за безбедносните агенции, бидејќи терористите ги користат телефоните за активирање експлозиви во конфликтните зони.
„Гардијан“ тврди дека НСА досега потрошила повеќе од милијарда долари за прислушкување на телефони.
Документите откриваат и како пребарувањето низ „паметните телефони“ може да им обезбеди важни информации на шпионските агенции, а сопственици на паметни телефони, не се свесни дека се шпионирани.