Ракетата „Булава“ која е дел од вооружувањето на руската нуклеарна подморница од класата „Бореј“ (“RSM-56” според класификацијата на НАТО), би можела да ги уништи поголемите американски градови.
САД не можат засега да си дозволат така успешен проект, пишува Логан Нил, автор на статијата „Оваа руска ракета би можела да биде последната работа која ќе ја видите“, објавена во магазинот “We Are The Mighty”.
Тие проектили со нуклеарни боеви глави имаат домет поголем од 8 илјади километри, тврди авторот.
This Russian missile could be the last thing you ever see https://t.co/kBeqPiUGcn
— JuVi (@SciteCito) September 6, 2019
Во анализата се додава дека секоја од боевите глави е способна да уништи цел град, а секоја подморница може да носи од 12 до 16 вакви ракети. Тие ракети наводно се способни да го пробијат системот на против-воздушна одбрана на САД.
„Ова е рецепт за апсолутно уништување. Секоја подморница од класата „Бореј“ може да уништи до 72 цели“, предупредува авторот, но и додава дека „Булава“ во суштина е преценета ракета и во реалноста не функционира баш исто како што ја рекламираат Русите.
„Сепак, со оглед на тоа што ракетите успешно го поминаа тестирањето и можат да уништат цели региони во САД, тоа е последната работа која милиони Американци би сакале да дознаат како функционира во пракса“, заклучува тој.