Постои можност многумина Американци за Ноќта на вештерките да останат без главниот симбол – тиква.
Имено, на САД им се заканува недостиг на омилениот плод поради лошата берба која е последица на поројните дождови во јуни.
Од Илиноис, главната држава кога станува збор за производство на тиква, порачуваат дека нема причина за загриженост, бар што се однесува за Ноќта на вештерките, но може да има проблеми за наредниот празник, Денот на благодарноста, кој оваа година ќе се одбележи на 26. ноември, кога се прават пити од тиква.
Не би чекал до празникот. Би купил штом се појави во продавниците, рекол професоот Мохамад Бабадаст од Универзитетот во Илионис.
Производителите на конзервираните брендови, кои најчесто се користат за подготовка на пита, предупредуваат дека годинешната понуда би можела да биде тројно помала.
Кога имате работа со мајката природа, морате да се помирите со она што ви го дава и да продолжите понатаму, изјавил еден од нив.
Со почетокот на оваа година, со декрет од гувернерот на Илиноис, питата од тиква стана „официјална пита“ на оваа северноамериканска држава.