Американците најзадоволни од работата на земјоделците

Американците се најзадоволни од работата на фармерите, а најмногу ги разочарале угостителството, продажбата на храна и издаваштвото, покажува најновото истражување на компанијата Gallup, објавено во четвртокот а спроведено во периодот меѓу 1. и 20. август.

Малку повеќе од една третина од Американците, 37 отсто од нив, имаат позитивно мислење за 25-те економски сектори опфатени со истражувањето, приближно исто како и во последните две години, открива Gallup. Уделот на позитивните оценки е само малку поголем од 2008 година, годината на големата рецесија, кога падна на најниско ниво откако Gallup ја спроведува анкетата.

Мнозинството американски граѓани, 64 отсто од нив позитивно ја оценуваат работата на земјоделците, значително повеќе од лани кога уделот на позитивните оценки за секторот за производство на храна изнесуваше 59 отсто.

Мнозинството испитаници дале позитивни оценки само за земјоделството, угостителството и компјутерскиот сектор, забележува Gallup, но најмногу ги разочарале угостителските компании, според падот на уделот на позитивни оценки за цели девет процентни поени, на 52 отсто. Угостителството традиционално го зазема првото место во рангирањето.

Американците обично позитивно го оценуваа малопродажниот сектор со намирници, но нивниот став во меѓувреме се променил поради зголемените цени и сомневањата за безбедноста на прехранбените производи, па оваа година преовладуваат негативни оценки.

Мислењето на американските граѓани за издаваштвото значително се влошило, според падот на уделот на позитивните оценки на 30 отсто, од минатогодишните 37 отсто.

Најголем дел од испитаниците негативно го оцениле фармацевтскиот сектор, 61 отсто од нив. Следат секторите на нафта и гас и здравствена заштита со удели на негативни оценки малку повисоки од 50 проценти). Мнозинството граѓани негативно ја оценуваат и федералната влада, според уделот на негативниот рејтинг од 58 проценти.

Фармацевтскиот сектор првпат заврши на дното на рангирањето со само една петтина од позитивните оценки, покажува истражувањето.