![obama](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/obama.jpg?resize=640%2C400&ssl=1)
Речиси шест од десет Американци се разочарани од претседателот Барак Обама, според резултатите од најновата анкета.
Според анкетата на „Њујорк Тајмс“ и телевизијата „ЦБС“, 82 испитани демократи сакаат Хилари Клинтон да биде кандидт на демократите, на следните претседателски избори што треба да се одржат во 2016 година.
Дека се’ уште имаат доверба во Обама истакнале 41 отсто од испитаниците, додека 57 отсто изразиле незадоволство од начинот на кој демократскиот лидер ја врши својата должност.
Се смета дека претседателот немал успех со реформите во здравството ниту пак со економската обнова, мачејќи се да ја доведе невработеноста на ниво пред кризата во 2008 година.