Американец направил хаос во Скопје: Го нарушил јавниот ред и мир, па станал агресивен

Денеска (03.12.2023) во 01:05 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Ф.Џ.(50) од САД затоа што во угостителски објект на подрачје на Центар го  нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон присутните во објектот.

Бил агресивен и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.