Американец уапсен во Северна Кореја за „непријателско дејствување“

Северна Кореја објави во средата дека во април уапсила американски наставник кој е осомничен за „непријателско дејствување“, во време кога односите меѓу Пјонгјанг и Вашингтон се на критично ниво поради севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.

Ким Санг-Дук, познат и како Тони Ким, бил приведен на 22 април на аеродромот во Пјонгјанг, бидејќи „изведувал непријателски активности поради уривањето на Народна Демократска Република Кореја. Ким им е предаден на надлежните судски служби кои ги истражуваат неговите злосторства“, извести во средата севернокорејската службена новинска агенција KCNA.

Универзитетот за наука и технологија USTP во северкорејската престолнина објави да Ким е уапсен во моментот кога се подготвувал да ја напушти земјата откако неколку седмици предавал во оваа институција.

Универзитетот USTP, кој го основале христијанските евангелисти, е отворен во 2010 година и на него предаваат одреден број американски наставници. Тука се школуваат децата на севернокорејската елита.

Ким Санг-Дук е третиот американски државјанин кој е затворен во Северна Кореја.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, апсењето го оцени како обид на севернокоејскиот водач Ким Џонг-ун да го употреби Американец како средство за притисок додека владеат тензиите на највисоко ниво меѓу Северна Кореја и меѓународната заедница поради нуклеарната и балистичката програма на Пјонгјанг. Хелји истакна дека Вашингтон се обидува да собере информации за ова апсење.