
Среќничка од американската сојузна држава Калифорнија пронашла 36.000 долари зашиени во перничка за потпирање од троседот којшто го добила бесплатно преку мали огласи на интернет, но била чесна и парите ги вратила на сопственикот.
Вики Умоду се обидувала со скромни средства да го намести својот празен стан и била пресреќна кога пронашла оглас во кој бесплатно се отстапува троседот.
„Штотуку се преселив и во куќата немаше ништо“, објасни жената за локалната телевизија ABC7 од својот дом во Колтон, округот Бернандино близу Лос Анџелес.
Но една од перничките имала „грпка“ и во обидот да ја поправи, новата сопственичка пронашла коверти полни со готовина, секоја со повеќе илјади доларо.
„Го повикав синот и врескав ‘Дојди, дојди, гледај пари! Морам да му се јавам на господинот“, раскажа Умоду и навистина го повикала мажот од кој го преземала парчето мебел за да му ги врати парите.
Семејството коешто неодамна го празнело својот дом, признало дека немало поим за скриените долари, а во знак на благодарност ја наградиле со 2.000 долари.
„Токму толку ми требаат за нов ладилник“, рекла чесната жена која не се надевала на „ниту цент“ за својата чесност.