![1218](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/1218.jpg?resize=696%2C417&ssl=1)
Американската поетка Луис Елзабет Глик стана првата Американка која ја освои Нобеловата награда за книжевност/ литература во последите 27 години.
„Нејзиниот пепогрешлив поетски глас со строага убавина на индивидуално искуство го прави универзално“, објави во четвртокот шведската академија.
Глик е 16-та жена која освоите Нобеловата награда во оваа категорија, и права Американка откако Томи Морисот беше лауреат во 1993 година. Американскиот пеајч и текстописец Боб Дилан беше контроверзен добитник на признанието во 2016 година.
„Таа е еден од најистакнатите лиричари во современата американска литература“, изјави претседателот на Нобеловиот комитет Андер Олсон на прес-конференцијата во Шведската академија. „Во нејзината поезија има многу хумор и духовитост“, додаде Ослон споменувајќи ги нејзините 12 поетски збирки.
Глик е е една од водечките американски поети која во своето творештво често ги преработува старогрчките и римски митови, а 77-годишната уметница е добитник на престижните американски наград Пулицеровата и Националната награда за најдобра книга.
Минатата година наградата ја добија австрискиот писател Питер Хандке и полската писателка Олга Токарчук.
Минатата година, наградата и за 2019 и за 2018 година беше доделена истовремено, бидејќи беше одложена пред две години поради скандалот во Шведската академија што ја доделува наградата.