Американскиот фармацевтски концерн Moderna Inc објави дека конечните клинички испитувања за вакцината против „ковид-19“ ќе започнат на или околу 27 јули.
Клиничкото испитување го води Националниот институт за здравство (NIH), а владата на САД инвестира близу половина милијарда долари во проектот на Modernа.
Конечните клинички испитувања ќе бидат спроведени на 87 локации, сите во САД. Ќе бидат вклучени околу 30.000 возрасни лица кои имаат голема веројатност да бидат заразени со коронавирус. Студијата ќе го спореди бројот на нови инфекции кај оние кои ја примиле новата вакцина и оние кои примале плацебо.
Експерименталната вакцина ќе биде тестирана во 30 држави и во градот Вашингтон. Половина се држави кои биле погодени од епидемијата, како што се Тексас, Калифорнија, Флорида, Џорџија, Аризона и Северна и Јужна Каролина.
Соединетите држави во последниве денови бележат рекорден број новозаразени лица, особено од споменатите земји.
Акциите на Модерна во текот на дценот се зголемија за околу 2,5 проценти на американската технолошка берза „ Nasdaq“.