Американска „Moderna“ бара итно одобрување на вакцината, тврди дека е 94 отсто ефикасна

Американската биотехнолошка компанија „Moderna“ објави во понеделникто дека поднесува барање до регулаторите во САД и во Европа итно да ја одобрат нејзината вакцина против коронавиуот, и тврди дека нејзината вакцина има повеќе од 94-процентна ефикасност.

Иако веќе имаше индиции дека вакцината на „Moderna“ е ефикасна, истражувањето спроведено изминатиот викенд сугерирало дека нивна вакцина ќе биде со ефикасност поголема од 94 отсто.

„Ова е вџашувачки, ова се чудесни податоци, изјавил за телевизија CNN, докторот Пол Офир, член на надзорниот одбор за вакцините на американска Агенција за храна и лекови (FDA).

Во најновата студија за ефикасноста на вакцината спроведана во САД учествувале 30.000 лица, од кои 196 биле со дијагностициран Covid-19. Од нив плацебо добиле 185 волонтери, а 11 ја добиле вакцината.

Единствените лица кај кои се влошила здравствената стостојба, околу 30, мешу кои и едно лице кое починало, биле во групата коија добила плацебо. Се додава дека вакцината на „Modernа“ во испитувањето немала сериозни нуспојави и се покажала ефикасна при вакцинирањето на сите групи, без разлика на возраст, раса, етничка припадност и полот. Компанијата наведува дека 100 отсто е успешна во спречувањето на тешките форми на болеста.

„Си дозволив да заплачам кога ги добивме резултатите. Веќе во ова испитување на ефикасноста на вакцината спасивме животи. Замислете го влијанието на тоа врз поголем број луѓе“, изјави др Тал Закс, началник во одделот за медицина во „Moderna“, пренесува агенцијaта Associated Press.

Освен барањето за одобрување во САД, од „Moderna“ ќе бараат и условно одобрување во Европската агенција за лекови (ЕМА), којашто веќе започнала со проучувањето на резулататите од нивните испитувања, а ќе се разговара и со други регулатори.

Американската компанија најави дека би можела да има 20 милиони дози на вакцината подготвени за дистрибуција во САД до крајот на 2020 година, што е доволно за вакцинирањето на 10 милиони луѓе.

Регулаторите ги проучуваат податоците од клиничките испитувања и ќе одлучат дали вакцината е доволно безбедна и ефикасна, за да биде препорачана за употреба.

Американската фармацвтска компанија Pfizer“, која има слична вакцина како и оваа на Moderna“, веќе поднесе барање за итно одобрување во САД.  Меѓу вакцините кои наскоро може да добијат одобрување од регулаторите е и на шведско-британската компанија „AstraZeneca“ кое го развисо Универзитетот Окфсорд, а во Европа се разгледува и барањето на вакцината „Спутник V“ на московскиот научен институте „Гамалеј“.

Вакцината на „AstraZeneca“ е најевтина засега и чини околу 4 американски долари по доза (инаки сите главни кандидат се даваат во две дози), вакцината на „Гамалеј“ ќе чини под 10 долари по доза, на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“ ќе лини 20 долари по доза, а на „Moderna“ пак е најска и че лини 33 долари.

Сите овие производители објавија дека нивните препарати против Covid-19 се со околу 95-процента ефикасност, освен „AstraZeneca“ чија ефикасност се движи меѓу 62 и 92 отсто, но ќе биде уште еднаш тестирана поради грешка.