Нуклеарната ударна подморница на американските поморски сили „USS Connecticut“ (SSN 22, класа Seawolf) се судрила со неидентификуван објект во текот на подводното пловење во Индо-пацифичкиот регион, но животите на морнарите не се загрозени и пловилото не е оштетено, соопшти во четвртокот прес-слуќбата на американската Пацифичка флота.
Според информациите на телевизиската мрежа Fox News, инцидентот се случил во водите на Јужното-Кинеско Море, каде неколку години траат тензиите поради полагањето на Кина на право на најголемиот дел од морето на кое права полагаат и повеќето американски сојузници во регионот, област богата со природни ресурси и преку кога се одвива поморска трговија во вредност од 5 билиони долари годишно. Во телевизискиот извештај се наведува дека „USS Connecticut“ не се судрила со друга подморцниа, а американското полобило сама се враќала во пристаништетот
„(Подморницата) ‘USS Connecticut (SSN 22)’ се судри со објект во текот на подводо пловење попладнето на 2-ри октомври во меѓународните води на Индо-пацифичкиот регионот. Нема повреди опасни по животот (на екипажот)“, се наведува во соопштението на Пацифичката флота на САД.
Се истакнува дека „бебзедноста на екипажот останива врвен приоритет за морнарицата“. Самата подморница „останува во безбедна и стабилна состојба“.
„Нуклеарниот погонски систем и отсеците на USS Connecticut не претрпеа оштетувања, тие остануваат целосно во функција. Во моментов се проценува степенот на оштетувања на другите делови од подморницата“, велат уште од американската морнарица и додаваат дека го истражуваат инцидентот.
Според податоците на информативниот поратал на институтот на американските воено-поморски сили USNI, во инцидентот полесно биле повредени околу 11 морнари, кои се здобиле со умерени до лесни повреди.
Извор на весникот Military Times рекол дека „топографијата на областа во моментот на судирот не укажувала на присуство на копнена маса пред подморницата“, како и дека немало никакви индиции дека „инцидентот има непријателски карактер“. Изворот, исто така, рекол дека за ниту еден под повредените членови на екипажот не била потребат итна хоспитализација и повредите ги опишал како „отеци, модринки и исекотини“.
Додал дека по судирот, подморницата била принудена на исплива на повтршината. Подморницата воопшто не испратила сигнал за несреќа и помош, и оти таа се упатила по заобиколна траса кон американската база на островот Гуам каде што треба да вплови во петокот по локални време.