Американската морнарица заробила севернокорејски танкер кај Либија

Припадници на американската мораница ја презеле контролата на танкер полн со нафта што бил натоварен во пристаниште што го држат под контрола на бунтовниците во Либија, соопштиле официјални лица, јавува Би-Би-Си.

Акцијата на американските маринци е спроведена во меѓународни води во близина на брегот на Кипар.

Пристаништето Сидра е под контрола на милитантите кои бараат автономија за источна Либија.