Американската полиција трага по млад маж осомничен за смртоносното пукање во Чикаго

Американската полиција објави дека трага по млад маж на возраст меѓу 18 и 20 години, кој е осомничен за пукањето во понеделникот утрото по локално време врз учесниците на парадата по повод Денот на независноста 4-ти јули во предградие на Чикаго.

Според последните информации, во пукањето убиени се шест лица, а повеќе од 30 луѓе се повредени, некои ранети а некои повредени при бегството.

„Осомничениот е опишан како бел маж, на возраст од околу 18/20 години, со долга црна кога, со слаба градба во бела или сина маица“, изјави на прес-конференција портпаролот на полицијата во предградието Хајленд Парк.

Полицијата, исто така, соопшти дека го пронашла оружјето кој го користел напаѓачот, но и натаму смета дека осомничениот е „вооружен и многу опасен“.

Локалните медиуми пренесоа дека огнот врз учесниците во традиционалната празнична парада бил отворен од покривот на зграда во близина на еден од контролните пунктови, а полицијата ги советува жителите да останат во безбедни простори.