Американската војска уништила 80 дронови, шест проектили лансирани од Иран и Јемен

Американските сили, потпомогнати од разурнувачите од Европската команда на американската армија, уништија повеќе од 80 беспилотни летала и најмалку шест балистички проектили насочени кон Израел од Иран и Јемен во саботата и неделата, соопшти во понеделникот американската Централна команда (CENTCOM).

Иран изврши напад на израелска територија во саботата навечер со беспилотни летала и проектили како одмазда за израелскиот напад на иранскaта амбасада во Сирија на 1 април, во кој загинаа високи команданти на Револуционерната гарда.

Нападот, со повеќе од 300 проектили и беспилотни летала, главно лансирани од Иран, предизвика само скромна штета, според израелската војска бидејќи повеќето биле наводно соборени од израелскиот систем за противвоздушна одбрана со помош на САД, Велика Британија, Франција и Јордан.

Иранскиот напад бил насочен кон израелската воена инфратруктура во пустинската област Негeв каде се наоѓа воздухоплвната база од каде полетале авионите кои го изведоа ударот во Сирија. Иранските снимки, сепак, покажуваат неутврдена штета на неколку места предизвикана од проектили кои успеале да на пробијат израелската одбрана.

„CENTCOM продолжува да ја поддржува одбраната на Израел од овие опасни дејства на Иран. Ќе продолжиме да работиме со сите наши регионални партнери за зајакнување на регионалната безбедност“, соопшти американската војска.