Американски генерал суспендиран поради коментар на објава на Џил Бајден

Американски пензиониран генерал со три ѕвездички е суспендиран од службата, откако саркастично коментирал објава на сопругата на американскиот претседател Џо Бајден и ѝ честитал на првата дама Џил Бајден затоа што дознала „што е жена“, пренесуваат весникот USA Today и порталот Fox News Digital.

Пензионираниот генерал-полковник Гери Волески бил ангажиран како „постар ментор“ и советник на офицери, припадници на вооружените сили и друг персонал кој учествувал во борбени акции.

Претходно Џил Бајден на Twitter ја коментираше одлуката на американскиот Врховен суд за укинување на правото за абортус во целите САД, дозволувајќи им на сојузните држави да ја регулираат материјата.

„Речиси 50 години жените имаа право самите да одлучуваат за своето тело. Денеска тоа право ни е украдено. И иако сме можеби уништени со оваа неправда, нема да мочиме..“, напиша првата дама на САД.

„Мило ми е што конечно тоа го осознавте што е жена“, коментирал Волески, а подоцна неговиот твит бил отстранет

Набрзо претпоставениот, генерал-полковникот Теодор Мартин, го суспендирал пензионираниот генерал додека трае внатрешната истрага. Командантот за USA Today изјавил дека смета оти коментарот на офицерот претставува „нарушување на пристојноста на пензиониран офицер“.

Портпаролот на американските вооружени сили во саботата потврдил за Fox News Digital дека воениот ветеран е суспендиран и е под внатрешна истрага поради „исмевање“ на Џил Бајден, но не дал дополнителни поединости и колку долго ќе трае истрагата.

„Генерал-полковникот Теодор Мартина, командант на Центарот за комбинирано вооружување, го суспендираше пензионираниот генерал-полковник Гери Волеки од вршењето на должностите како висококвалификуван експерт – виш ментор во очекување на исходот од истрагата“, се наведува во писмениот одговор на американската војска за Fox News.

Волески своевремено бил командант на 101-та воздушно десантна дивизија на американската војска, а последниот период за армијата работел со договор.