Русија во еден ден евакуирала од зоните на борбени дејствија над 25.000 цивили

Повеќе од 25.000 цивили, од кои над 4.700 деца се евакуирани во Русија само во еден ден од зоните на борбените дејствија во источните украински проруски региони, изјави за медиумите генерал-полковникот Михаил Мизинцев, челник на рускиот Меѓуресорски штаб за координирање на хуманитарен одговор.

„И покрај жестокото противење на киевскиот режим, во изминатите 24 часа, без учество на украинските власти 25.064 лица, од кои 4.175 деца, беа евакуирани на територијата на Руската Федерација од опасните области во Украина и републиките (самопрогласените проруски во Луганск и Доњецк – з.р.). Вкупно од почетокот на специјалната воена операција 2.434.298 лица, од кои 383.402 се деца, исто така, се евакуирани на руска територија. Државната граница на Руската Федерација ја минале 383.048 приватни автомобили, од кои 4.804 само во еден ден“, изјавил Мизинцив.

Додал дека во изминатиот ден координативниот штаб на неговата отворена телефонска линија добил 23 барања за евакуација од областите кои се под контрола на украинските сили на руска територија, на териториите на ткн народни републики во Доњецк и Луганск или во регионите Запорожје, Николаев, Харков и Херсон кои преминаа под контрола на сепаратистичките сили и руската војска.

Според Мизинцев, севкупно во базата на податоци се добиен 2.759.126 такви барања од населени места во Украина и територијата на одметната Народна Република Доњецк, кои се под контрола на силите лојални на Киев.