Американски суд дозволи депортации на стотици илјади имигранти

Сојузниот апелациски суд одлучил во понеделникот со два гласа наспроти еден дека аминистрацијата на актуелниот претседател Доналд Трамп може да депортира стотици илјади имигранти кои претходно добиле привремен заштитен статус поради хуманитарни причини.

Со пресудата на судскиот совет на овој суд потврдено е укинувањето на мерките за заштита на имигрантите од Салвадор, Хаити, Никарагва и Судан од депортации. Администрацијата претходни ја укина нивната заштита со обраложение дека нивните земји сега се безбедни за нив. Одлуката се однесува на 300.000 луше без државјанства и 200.000 деца кои добиле американски државјанства во претходните администрации.

Судијата Консело Калахан, кој гласал за мнозинството кое ја донело одлуката, образложил дека сојузниот закон не дозволува правосудството да ја доведува во прашање одлуката на министерот за национална безбедност за тоа од кои земји граѓаните ќе добијат заштитен статус.

На оваа одлука веројатно ќе биде вложена жалба. Во изјавата на фондацијата ACLU, чие седиште е во јужна Калифорнија, којашто ги застапува имигрантите и нивните деца, се наведува дека со долуката нема веднаш да биде укинат нивниот заштитен статус. На овие лица ќе биде дозволено да го задржат нивниот запштитен статус најмалку до февруари, а на оние од Салвадор најмалку до ноември.