Американски војник обвинет за трикратното убиство во саботата во Илиноис

Припадник на вооружените сили на САД е обвинет за вооружениот инцидет во саботата во градот Рокфорд во сојузната држава Илионоис во кој беа убиени три и ранети уште три други лица, соопшти во неделата началникот на градската полиција Даниел О’Ши на прес-конференција, пренесуваат локалните медиуми.

Како што е прецизирано во објавата на полицискиот началник, војникот идентификуван како Дјук Веб од Флорида, отворил оган во куглана во делот во кој се наоѓал барот. Притоа убиени се тројца повозрасни мажи, на возраст од 65, 69 и 73 години, а ранети се 14-годишен тинејџер, 16-годишна девоја и 62-годишен маж.

Осомничениот веднаш бил уапсен, и притоа не давал отпор но се обидел да го сокрие оружјето со коешто го извршил злосторството, рекол О’Ши. Според него 37-годишниот Веб е жител на сојузната држава Флорида и од 2008 година е помошник за операции и разузнавање при специјалните сили сместени во воздухоплонва база на Флорида. Против него во неделата е подигнато обвинение за убиство на три лица, како и за обид на убиство на три лица.

Според полицијата, Веб најверојатно не го планирал злосторството однапред, и веројатно не се познавал лично со своите жртви. Но засега не е познат мотивот за неговата реакција.