Во време кога северот на Косово се соочува со тензична ситуација, на Косово доаѓа високиот функционер на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле.
Тој денеска ќе се сретне со косовските лидери, во рамките на оваа посета на регионот, чија цел е одржлива посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, објавија косовските медиуми.
Србите кои протестираат поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ се уште се на барикадите. Северот на Космет исто така е блокиран од косовската полиција, а преминувањето на премините Брњак и Јариње не е можно ни пеш. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги повика Србите на северот на Косово и Метохија да бидат мирни и да не наседнуваат на провокации. Училиштата на северот на Космет денеска нема да работат.