
Иако сѐ уште го очекува челнството во НАТО кое го блокираат Турција и Унгарија, во Шведска првпат во историјата долетаа два американски бомбардери кои ќе учествуваат на воени вежби, објавено е во средата во Стокхолм.
Два стратешки бомбардера „B-1B Lancers“, слетале во понеделникто на аеродромот Лулеа-Калакс на северот на Шведска.
„Спроведуваме заедничка воена вежба мобилизирајќи ги воздушните и копнените сили“, изјавила во средата за AFP.портпаролката на воздухопловните сли Луисе Левин, без да наведе колку ќе траат вежбите.
„Во овие несигурни времиња и во перспективата на влегувањето во НАТО, силните партнери се неопходни“, истакнува шведското Министерство за одбрана во соопштените, позравувајќи го овој „исторсики настан“.
Шведска минатата година, заедно со Финска, побара прием во НАТО, но двете земји членки на Алијанската – Турција и Унгарија, сѐ уште не го ратификуваат нејзиното членство поради низата потези на Стокхолм кои двете земји ги сметаат за насочени против нив. Во меѓувреме, откако Финска се откажа од замислата двете соседни скандинавски земи истовремено да станат членки на сојузот, Анкара и Будимпешта го ратификуваа нејзиното членство.
Западните земји, особено САД, прават притисок на Турција да го ратификува шведското членство, кое треба да биде заокружувње на опколувањето на Русија со земјите членки на НАТО.
Неретко притоа се истакнува дека само земјите полноправни членки имаат право на одбрана во согласнот со членот 5 од договорот за НАТО кој вели дека напад на една земја членка претставува напад врз целиот сојуз. Така, на почетокот од јуни Шведска објави дека е подготвена да прифати привремени бази на Алијансата на своја територија, дури и пред полноправното членство.
„Владата одлучи дека шведските вооружени сили би можеле да спроведат подготовки со НАТО и со земјите од НАТО за да овозможат идни заеднички операции“, објави премиерот Улф Кирстен во заедничкиот напис со министерот за одбрана ПАл Јонсон.
Шведска, инаку, и покрај декларираната воена неутралност со децении наназад соработува во воено-индустрискиот сектор и во вооружувањето со земјите од НАТО, и изведуваше заеднички маневри.
Премиерто Кристенсен истакна во споменатиот напис дека силите на НАТО на шведска територија би претставувале одвраќање на Русија, но не наведува причина поради која Москва би се решила за воен напад врз Шведска.
Во понедленикот шведската комисија составен од функционери од сите политички опции и стручњаци оцени дека „во заднината на руската агресија на Украина воен напад на Шведска не може да се исклучи“.