Обвинителката на Њујорк подигна во четвртокот тужба во којашто бара распуштање на Националниот здружение за оружје iили познато и како Национално пушкарско здружение (NRA – National Rifle Association), тврдејќи дека челниците на оваа моќна организацијати наводно проневериле милиони долари поради стекнување лична полза и подмитување на поранешни службеници да молкат и да бидат послушни.
Обвинителката на сојузната држава Њујорк, Летиција Џејмс, која доаѓа од Демократската партија, тврди дека челниците на NRA плаќале семејни патувања на Бахами, летови со приватни авиони и скапи ручеци и вечери, придонесувајќи со тоа за намалувањето на билансот на NRA од 64 милиони долари во текот на три години, па организацијата од суфицит минала во дефицит.
Џејмс за новинарите изјави дека NRA e „расадник на алчност, злоупотреби и бесрамно непочитување на законот“, велејќи дека „никој не е над законот“, па ниту оваа влијателна во САД организација.
Тужба против NRA поднел и главниот државен обвинител на Вашингтон ДиСи, Карл Ресин, исто така демократ, поради наводна злоупотреба на средства наменети за добротворни цели и нивно расипничко трошење.
Демократката Џејмс со тоа започна отворен судир со најголемата и најмоќна организација во САД којашто го поддржува правото на поседување и носење оружје гарантирано со правата и слободите во американскиот устав, и е поврзана со Републиканската партија на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.
Џејмс на прашање на новинарите негирала дека тужбата е поднесена само неколку месеци пред одржувањето на американските претседателски избори (на 3-ти ноември), поради тоа што NRA го поддржува републиканскиот претседател.
Трамп, пак, во четвртокот по објавувањето на тужбата, советување NRA да го пресели седиштето во Тексас. Националното седиште на NRA е во Ферфакс во сојузната држава Вирџинија, околу 30 километри западно од дистриктот Вашингтон, и е регистрирана како непрофитна организација во Њујорк каде што ги води повеќето финансиски трансакции. Поради тоа и потпаѓа под њујоршката законодавство.
Освен што има намера да го укине здружението коешто постои од 1871 година, Џејмс сака да врати милиони долари наводно од потрошениот имот и да спречи четворицата негови челници да бидат членови на управни одбори на кои и да се други непрофитни организаци иво сојузнаа држава Њујорк.