Американските лекари го опишуваат текот на лекувањето на првиот пациент регистриран во САД заразен со новиот сој коронавирус 2019-nCoV во написот објавен во медицинскиот списание The New England Journal of Medicine.
Во државата Вашингтон на 19-ти јануари 35-годишен маж се јавил во клиника со кашлица и треска, симптоми кои ги имале веќе четири дена. Пациентот реколо дека на 15-ти јануари се вратил од кинескиот град Вухан, епицентарот на епидемијата од новиот коронавирус, каде што патувал во посета на роднините.
Медицинските наоди покажале дека пациентот имал темпертура од 37,2 степени и отежнато дишење, но рентгенските снимки не покажале други проблеми. Тестовите на грип од типот А и Б, како и на четирите најраспространети соеви на коронавирусот (HKU1, NL63, 229E и OC43), исто така, биле негативни. Лекарите решиле да направат наоди кај пационетот и за 2019-nCoV, кои биле позитивни. Потоа мажот бил сместен во изолиран оддел во еден од медицинските центри.
Во овој период кај пациентот се појавиле гадење и повраќање, како и чувство на телесна слабост. Му била препишана терапија за закрепнување, која вклучувала физиолошки раствор и „ондансетрон“ за гадењето. На шестиот и седмиот ден од болеста кај мажот се појавил и пролив. Во примерок од неговата столица, како и во брисевите земени од носот и ждрелото, бил откриен вирусот. На пациентот тогаш му биле антипиретични лекови и препарати против кашлицата.
Ноќта на деветтиот ден од болеста, рентгенограмот покажал пневмонија во долниот дел од левото белодробно крило. Заситеноста со кислород се спуштило на 90 отсто, по што на панциентот започнале да му даваат кислород преку носот. Покрај тоа, му ги препишале и лековите „ванкомицин“ и „цефепим“.
На десеттиот ден од болеста при ренгенскиот преглед биле откриени пругасти непроѕирни делови на двете белодробни крила, што е карактеристичнo за атипичната пневмонија. При ослушнувањето на белите дробови кај пациентот, било забележано отежнато дишење. Лекарите тогаш препишале интравенски „ремдесивир“, а биле отфрлени „ванкомицин“ и „цефепим“.
На 12-от ден од болеста, состојбата на пациентот се подобрила, отежнатото дишење исчезнало, треската се смирила, заситеноста со кислород се вратила во нормалата и се јавил апетит. На 15-от ден од боелста, кај мажот бил забележан само мала кашлица која постепено ослабела.