Американските обвинители го повикуваат Facebook да се откаже од детскиот Instagram

Американското Национално здружение на јавни обвинители (NAAG) ја повика компанијата „Facebook Inc“ сопственик на истоимената најголема социјална мрежа на светот да се откаже од плановите за покренување на верзијата на Instagram за деца помлади од 13 години Instagram Kids, повикувајќи се на загрриженоста поради безбедноста и благосостојбата на децата и штетите кои социјалните мрежи може да им ги нанесат.

Во писото до извршниот директор на „Facebook“, Марк Цукерберг, 44 од 56-те главни државни и регионални правобранители тврдат дека социјалните медиуми може да бидат штетни за децата „поради безброј причини“ и дека Facebook во својота досегашна практика не усепал да ја заштити благосостојбата на децата на своите платформи. Како пример ја наведуваа неговата апликација Messenger Kids којашто, како што велат, содржела грешка којашто на децата им овозможила да ги заобиколат ограничувањата и да им се приклучат на групните чатови со непознати лица.

„Се чини дека Facebook не реагира на потребата, туку дека ја создава, бидејќи оваа платформа првенствоени им се допаѓа на децата кои инаку немаат или бе би имала Instagram сметка. Накусо, Instagram платформата за мали деца е штетна од безброј причини. Државните обвинители го повикуваат Facebook да се откаже од своите планови за лансирање на оваа нова платформа“, се наведува во писмото.

Обвинителите тврдат дека социјалните медиуми може да штетат на телесната, емоционалната и менталната благосостојба на децата. Како шттетни појави ги наведуваат „сајбер злоставвуањето“ на Instagram и користињето на платформата од лица коишто на различни начини ги експолоатираат децата.

„Децата не се способни за снаиѓање во сложенистите на она што го среќаваат на мрежите, вклучително и рекламирањето, несоодветната содржина и односите со непознати лица“, се наведува во писмото.

Се споменува истражување коешто открило раст од 200 отсто во забележените случаи на користење на Instragram за злоставување на децата во текот на шестмесечен период во 2018 година. Само во текот на минатата 2020 година Facebook и Instagram пријавиле 20 милиони прикази на сексуално злоставување на деца, се истакнува во писмото.

Сајбер злоставувањето, исто така, е една од главните грижи. Истражување од 2017 година покажало дека 42 отсто од младите корисници на Instagram доживеало интернетско злоставување на оваа мрежа, што претставува најголем процент од која и да е проучувана платформа. Кога децата во текот на пандемијата на коронавирусот минуваат повеќе време на мрежите, тие приблеми веројатно се влошени, предупредуваат американските државни обвинители.