Американските сили со авиони евакуирале 2.000 луѓе од авганистанската престолнина Кабул во последните 24 часа, меѓу кои и 325 американски државјани, според податците кои ги објави во средата вечерта американската војска.
Во последното деноноќие од Кабил полетале 18 воени транспортни авиони од типот „C-17“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, на редовниот брифинг за новинарите. Додаде дека се очекува до четвртокот утрото да бидат евакуирани уште 2.000 луѓе.
Меѓу евакурианите има авганистански и американски државјани, какол и цивили од другите земји членки на НАТО.
Авионите „C-17“ и натаму пристигнуваат на аеродромот во Кабул со војници и опрема, потврди Кирби. САД во моментов имаат околу 4.500 војници на кабулскиот аеродром и се планира оваа бројка наскоро да биде зголемена на 6.000 војници.
Дополнителните војници се испратени за осигурување безбедност на аеродромот и за организирање на евакуирањето на американските државјани и на Авганистанците кои биле ангажирани од америакнските сили
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави дека на кабулскиот аеродром нема судири меѓу американските сили и талибаните, како и дека каналите за комуникација со талибанските лидери кои ги носат одлукуте се отворени.