
Сообраќајот на сите патишта низ земјата се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост до 50 метри поради магла има кај Страцин, Штип, Павлешенци, Кочани и на делницата Кула – Катланово.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.