АМСМ: Возете внимателно и прилагодете ја брзината според условите на патот

Сообраќајот на сите патишта низ Македонија се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

Намалена видливост поради магла: Тетово- П.Шапка и Велес-Скопје со видливост од 100м. и Штип-Неготино од 20 до 30м.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.