Анџелина Џоли му се освети на Бред Пит, притоа заработи милиони

Анџелина Џоли ги продаде своите 50 отсто од акциите во винаријата Шато Миравал среде судска битка со нејзиниот поранешен сопруг и сосопственик, Бред Пит, пишува „Дејли Меил“.

Актерката ги продаде акциите на „Tenute del Mondu“, која е дел од Stoli Group и сопственик на Masset и Ornellai.

Токму на тоа место, кое сега се проценува на неверојатни 164 милиони долари, Анџелина и Бред се венчаа во 2008 година.

Во септември оваа година, странските медиуми пишуваа дека плановите на Анџелина да го продаде уделот се „одмазднички“, а Бред Пит за тоа поднесе тужба против поранешната сопруга.

Тој ја обвини дека се обидела да го исфрли од договорот и да го продаде нејзиниот дел од „Ноувел“ ДОО, компанија со седиште во Луксембург, која го води лозјето „Шато Миравал“, кое таа го купи со Пит во Франција во 2011 година, во која поранешните сопружници имаат еднаков удел.

Извор: Нова.рс