Кочо Анѓушев член на Советот за фискални мерки за Ковид19, советодавно тело на министерката за финансии, објани на својот Фејсбук профил Бранимир Јовановиќ, кој своевремено беше и советник на министерот за финансии Драган Тевдовски.
„Ете зошто си лапна неговата фирма 106.000 евра државна помош (за само еден месец), иако остварува милионски добивки а дава плати под 300 евра.
Ете зошто и ќе нема пари за луѓето што останаа без работа, за сиромашните, невработените, малите фирми.
Ете зошто и никогаш нема да нѐ биде“, пишува Јовановиќ.