Со стартен број 77 од 122 пријавени натпреварувачки, 16-годишната Атанасовска не успеа да довози до целта на патеката во Мерибел. Почна внимателно, но во вториот сектор имаше поголемо забрзување, што придонесе и нејзиниот резултат да биде подобар, но пред третата мерна точка загуби контрола и не ја доврши трката. Слично сценарио ја снајде и на настапот во велеслалом, пред два дена.
Денеска скијаа и четворица наши претставници во машка конкуренција, во квалификациите за утрешниот слалом. Дардан Дехари, Виктор Петков и Мирко Лазарески не ја завршија трката, а добар настап имаше само 17-годишниот Јаков Добрески. Тој стартуваше рангиран како 87-ми меѓу 118 натпреварувачи, а го освои 46. место во квалификациите.