Јанаки: Ова е сериозен блам, боливудска серија

Адвокатот Јанаки Митровски, на вечерашното издание на „Топ Тема“ на Телма телевизија во врска со актуелните случувања со бегството на Сашо Мијалков истакна дека не може да се зборува за некаква победа, туку оти ова е сериозен блам, рашомонијада и серија од болувудски тип.

-Не можеме да зборуваме за некаква победа, ова е еден сериозен блам којшто се случи ќе биде уште долго време предмет на подсмев и сметам дека требало да имаат многу поголем сенс затоа што не се политичари баш без искуство и Заев и Спасовски, за да излегуваат со вакви изјави, прогласување триумф, правда, функционирал системот, а лицето си дојде само барано по меѓународна потерница за да ни објасни дека имал Ковид и имал температура, а во ноември беше лиферувана информација дека имаше вирус, вели адвокатот.

Ова е една голема рашомонијада и боливудски тип на серија, додава адвокатот Јанаки Митровски.