Мит 6: „Исламска држава“ продолжува да расте поради слабоста на ирачката држава
Дури и да е вистина, дека власта на поранешниот премиер на Ирак доведува до зајакнување на „Исламска држава“, станува збор за сунитски приврзаници на бившиот режим во оваа земја, кои се затворани, и сунитски незадоволници од чистките во државните и армиските институции во ирачката држава.
„Исламска држава“ има своја поддршка не само во Ирак, туку што и уште поважно и во Сирија. Калифатот го користи тоа што Асад се фокусира главно, сега и со помош на Русија, на борбата со т.н. умерена опозиција. Ако властите во Ирак навистина сакаат да се заштитат од „Исламска држава“, тогаш треба да се обратат до сунитското малцинство, и кон воспоставување на политички баланс во земјата.
Мит 7: „Исламска држава“ се плаши од жените војници
Според една теорија, борците на „Исламска држава“ се плашат од борба со курдските жени војници, зошто веруваат дека смрт од раце на жена ги затвора портите на рајот.
Тоа не е вистина.
„Исламска држава“ дури создава свои сопствени организации ќерки, кои ги сочинуваат само жени, а кои помагаат за поддршка на идеологијата. На социјалните мрежи се појави краток видео клип, на кој се гледа жена со „калашников“ на своето рамо, која ги уништува сите форми на незапазување на принципите на шеријатот, и казнува жени, кои не носат ракавици на рацете.
Мит 8: „Исламска држава“ е непобедлива
„Исламска држава“ го објави својот калифат во 2014 година и тоа на голема територија на Сирија и Ирак, но се покажа дека сепак не е толку силна, колку што сите мислеа. Калифатот се намали за најмалки 10 отсто и загуби многу свои борци. Кон загубите се вбројува Тикрит, град кој ирачката армија успеа да го поврати и да го стави под своја контрола, како и многу важната рафинерија во Бајџи, а кусо време потоа и Синдџар, клучен стратешки град меѓу Мосул и Рака. Сириските курди, во јуни, годинава, го завзаедоа Тал Афар, од каде минува маршрутата за доставки на терористите.
Мит 9: Ирачката армија е послаба од вооружените сили на „Исламска држава“
Точно е дека ирачката армија не е од најсилните или најмотивираните. Ова е поткрепено со фактот дека само 800 џихадисти беа доволни да се осови Мосул, од кој побегнаа околу 30.000 ирачки војници.
Масовните предавства во ирачката армија со сигурност не се поддршка за нејзината репутација. Но, и покрај тоа, ирачките сили имаа многу сојузници, за кои „Исламска држава“ би можела само да сонува – воздушните сили на американската армија и нивната коалиција, шиитските милиции и курдите
Мит 10: Непријател на „Исламска држава“ е Западот
Во пракса, непријател број еден на „Исламска држава“ се шиитите или неверниците – сите, кои не се приврзаници и следбеници на сунитскиот ислам. Исто така во пракса, реалниот непријател на „Исламска држава“ не се одделни држави, туку самите системи на управување и функционирање.