АНБ одбележува една година од формирањето, Заев вели дека работи според Уставот

Обуки на вработените според Нато стандарди, соработка со странски безбедносни сервиси се само дел од активностите кои ја одбележаа првата година од постоењето на АНБ, потенцираше директорот Виктор Димовски.
Тој вели дека агенцијата во изминатите 365 дена ги следела безбедносните закани како што се тероризам, сајбер криминал и нелегалната миграција.
-Очекуваме силна поддршка од Владата за современа модерна безбедносна служба која ќе им служи на граѓаните и државата, истакна Димовски.
Со отпочнување на работата на Агенцијата за национална безбедност, нагласи Заев, беше направен последниот чекор за безбедносна реформа во државата, откако претходно со препораките од Прибе, беше формирана и Оперативно техничката агенција ОТА со што се разби монополот што поранешната УБК ја имаше на системот на следење на информации.
–  Целиот овој пакет, заедно со реформите и со затворање на деценсиките отворени прашања со соседите, ни го отвори патот за членство во НАТО и ЕУ. Во изминатитот едногодишен период беа направени значајни чекори на институционално позиционирање на новиот безбедносен субјект Национална агенција за безбедност. Сега имаме Агенција што работи целосно во согласност со Уставот и законските рами, како што и доликува на земја членка на НАТО, изјави Заев.
Реформата, посочи Заев, подразбира постојана работа и подобрување на безбедносниот систем со цел, тој да може да се справува со предизвиците.