Фудбалските медиуми во Англија пред неколку часа ја пласираа информацијата дека сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Даниел Леви веќе ја стартувал потрагата по новиот менаџер кој треба да пристигне на “Вајт Харт Леин” на стартот од летниот преоден рок.
Иако не е многу разочаран од работата на актуелниот менаџер, Тим Шервуд, првиот човек на популарните “петли” сепак сака да ангажира тренер од светски калибар, тренер со меѓународно искуство и кој ќе гарантира настап во групната фаза од Лигата на шампиони.
Англиските медиуми открија и дека најголема желба на Леви е актуелниот предводник на шпанскиот гигант Реал (М), Карло Анчелоти.Големата желба на сопственикот на Тотенхем најмногу зависи од тоа дали трофејниот италијански стручњак ќе освои некој позначаен трофеј со Реал (М) во актуелната сезона, а доколку “кралскиот клуб” не триумфира во Примера дивзион или Лигата на шампиони, Лондон сигурно ќе биде една од можните дестинации на Анчелоти.