Предводникот на најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизион, Реал (М), Карло Анчелоти, потврди дека нема да го промени своето мислење околу тоа на кои натпревари ќе брани легендарниот капитен на “кралскиот клуб”, а на кои Диего Лопез.
„Се е јасно кога е во прашање ситуацијата со Икер Касиљас. Икер ќе брани на натпреварите во Лигата на шампиони и на тие од Купот на Шпанија, а Лопез ќе брани на натпреварите од шпанската Примера дивизион”, изјави трофејниот италијански стручњак.
Последната изјавата на Анчелоти најверојатно ќе се покаже како кобна за репрезентативецот на Шпанија кој веќе има изјавено дека е можно да си замине од “Сантијаго Бернабеу” доколку и понатаму ја грее клупата за резерви и да потпише за нов клуб во кој ќе има статус на стандарден првотимец и ќе биде прв избор кога е во прашање голманската позиција.