17.8 C
Skopje
сабота, јуни 25, 2022

Јанчев: Од прв ден започнавме и над 100 дена досега неуморно работиме за реализирање на планираните проекти

44

Со поздрав до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски и до колегите градоначалници од Вардарскиот плански регион, градоначалникот на Општина Каварадци, Митко Јанчев го почна своето обраќање на регионалниот отчет за сработеното во првите сто дена од мандатот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ насловен „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ кој се организира во Велес.

Тој се заблагодари на поддршката која што ја доби од претседателот и партијата, за да се трка за втор мандат за прв човек на Кавадарци, при што додаде дека за него значеше соочување со уште поголеми предизвици за побрзо реализирање на сите планирани проекти кои почна да ги реализира уште од прв ден после изборите.

Јанчев посочи дека силно верува, исто како во претходниот мандат, заедно со службите предизборната програма во целост ќе ја реализираат во многу пократок временски период, но и дека ќе реализираат и нови проекти, кои со текот на времето, ќе произлезат од барањата на кавадарчани.

„Кавадарци веќе одамна отскокнува од другите општини во инфраструктурата, економскиот развој, туристичката понуда, но и стана општина во која се живее безбедно и квалитетно. Идните генерации веќе имаат одлични услови за образование а потоа и градење кариера и создавање семејства. Ова е голем успех не само за мене, не само за Општина Кавадарци, најмногу за вас драги кавадарчани. Како и во претходниот мандат, заеднички создаваме за убаво Кавадарци“, истакна градоначалникот Јанчев.

Од покрупните досега реализирани проекти, Јанчев ги издвои изградбата на Градскиот зелен пазар, кој веќе е во завршна фаза кој ќе се добие лик на нов покриен современ зелен пазар со две нивоа за паркирање и едно ниво за продажба на свежи зелени производи, со кој ќе се обездат подобри услови како за продавачите така и за граѓаните. Додаде дека, паралелно ќе се обезбедат дополнителни паркинг места, како и изградба на двете сервисни улици со целосна инфраструктура.

„Новиот Парк Киро Крстев е веќе во функција неколку месеци, истиот е со целосно нов изглед, функционален и направен со цел нашите граѓани да имаат уште едно катче за разонода, рекреација и прошетка со нивните најблиските. Во соработка со предучилишата институција, после 40 години Кавадарци доби нова детска градинка. Нова детска градинка во објектот Сонце која работи во склоп на детската градинка Рада Поцева, можат да се згрижат и сместат 143 деца во седум групи. Изградена и опремена е по најсовремени европски стандарди. Реконструкција на О.О.У Страшо Пинџур во село Возарци. Нов кров, реконструкција на фасада и градежно занаетчиски работи во внатрешноста на училиштето кои опфаќаат санација на под, плафон и зидови. Со ова значително се подобруваат условите за работа и одвивање на квалитетна настава. Објектот добива нов лик а учениците современо училиште во кое се остварува воспитно образовниот процес согласно најсовремените стандарди“, истакна Јанчев.

Следни големи инфраструктурни проекти кои градоначалникот Јанчев ги отпочна и реализираше во првите 100 дена од новиот градоначалнички мандат се, реконструкција на патот Раец-Ќесендре во должина од четири километри, реконструкција на патот Голеш-Шишково, изградба на спортска сала во О.У. Димката Ангелов Габерот во село Ваташа која е во звршна фаза и која ќе биде пуштена во употреба до крајот на месецот. Посочи дека завршена е изградбата на комплетно нова спортска сала за учениците од О.О.У ,,Страшо Пинџур’’, чија изградба траеше помалку од една година и истата е веќе во функција во која сега веќе учениците ќе имаат можност наставата по физичко образование да ја изведуваат во овој објект, како и изградба на нова Капела за потребите на муслиманските обреди при муслиманските гробишта во Кавадарци.

Од областа на културата, додаде Јанчев, за Нова година спремивме манифестација и украсување како што немало до сега, на необичен начин им поделивме пакетчиња на најмладите, а Бадниковиот празник го поминавме заедно со сите наши граѓани на Градскиот плоштад за кои што подготвивме над 3000 порции храна.

„Асфалтирани се повеќе од 30 улици, и краци од улици. Исчистени се многу диви депонии, поставени се водоводни и канализациони мрежи на неколку улици. Ова е само успешен почеток на овој мандат. Во наредните години имаме уште многу работа. Ќе бидеме сведоци на голем број реализирани проекти“, рече градоначалникот Јанчев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.