Андонов: Заев си поигрува со Македонските граѓани

Албанците во Македонија како етничко малцинство се граѓани на Република Македонија и треба да расчистиме тука една работа никој нема ништо против Албанците, дури имаме и лични пријатели меѓу нив. Имаме живот со нив и лично ги познаваме, изјави Оливер Андонов универзитетскиот професор, вечерва во емисијата „Јади Бурек“.

-Заев упорно си поигрува со Македонските граѓани, тоа што го ветува тој не е остварливо и тоа тој го ветува и во туѓи држави. Сосема нормално преку невладини организации, па дури и преку основање на разузнавачка мрежа да има поврзаност на странски служби во Република Македонија, но кога зборувам на тоа дека тоа го прави Зоран Заев, тоа го зборувам бидејќи тој сака да биде претседател на Македонија, тој е оној кој сака да соработува со туѓи држави и странски служби. Тој да сака да биде вистински политичар немало да го прифати тоа.

Андонов се потсети и кога во времето на Бранко Црвенковски се променил уставот, знамето и државата се откажала од своето малцинство.

-Кои дозволи промена на уставот, на знамето во изминатото? Кажете ми една држава во светот која се откажала од своето малцинство во соседните земји? Кажете ми една држава освен во Македонија која во уставот се има откажано од своето малцинство? Тоа е она што го кажува Мирка и дека треба да се вратиме назад и да се направат промени во уставот, постои ли држава во регионот што нема стратешки партнерства, сите овие работи се грешки на Бранко Црвенковски. Бранко Црвенковски во минатото кога тргна да ја прави надежда преку својата фабрика за перење пари СДСМ, денес  вели дека не е крив за ништо во нашата држава. Дали гледате дека во СДСМ нема промени од 1998-та година? Една иста постава е таа која е присутна уште од тогаш па се до денес и мене тоа ме загрижува, рече Андонов.