Андоновска: Ќе понуди ли власта „бел план”, или ќе не убедува дека се е розево!?

Ќе понуди ли власта „бел план”, или ќе не убедува дека се е розево!?, прашува преку својата објава на Фејсбук Марија Андоновска од ВМРО–ДПМНЕ.

Во продолжение интегрално целата објава на Андоновска:

Ќе брои починати на прес Венко или ќе се симне од говорница и ќе отиде помеѓу колегите да ги праша како се и кои се нивните вистински потреби и барања за подобро справување со здравствената и економска криза!?

Имаме над 900 заразени здравствени работници.

Неколку семејства на здравствени работниции, кога седнуваат на маса, за жал сега имаат по едно празно столче.
Илјадници, доктори,стоматолози, фармацевти, здравствени работници во примарно, секундарно и терциерно здравство оставени се сами на себе.

Сами се снаоѓаат и си купуваат опрема за да се заштитат.

Сами се организираат.

Преморени се, исцрпени, но и понатаму не се откажуваат и работат да помогнат на секој еден.

Децата не си ги прегрнале!

Бабите и дедовците со месеци не ги виделе!

Има ли памет оваа власт што прави!

Зошто нема “бел план”, како во секоја нормална држава!?

Каде е опремата која стигна како донација!?

Каде отидоа финансиите кои беа предвидени за помош и поддршка на сите здравствени ординации!?

Дали власта ја продаде заштитната медицинска опрема по високи цени, а финансиските донации ги употреби за предизборен поткуп!?

Болниниците се преполни, немаат ниту капацитет ниту кадар да одговорат на здравствените предизвици.

Нема одговор од властите кои протоколи и терапија ја употребува за Ковид болните и дали истата е усогласена со позитивната пракса од другите земји кои успешно се справуваат со пандемијата.

Од безидејност и неспособност на власта, трпат и хронично болните.

Долга е листата на оние кои чекаат, преглед, интервенција, операција, пишува во својата објава Андоновска.

Нема масовен скрининг и тестирања.

Се од црно, поцрно.

Здравството на колена.

Од „бел план” ни Б нема.