Владејчката партија СДСМ и министерто за здравство Арбен Таравари го претвораат македонското здравство и здравствените установи во семејни фирми на неколку фамилии блиски до власта. По скандалозните одлуки за именување на директори на докажани митаџии и криминалци, Јане Нетковски, Дејан Докиќ и Иван Барбов, со што наголемо го претвора здравството во семејна фирма на неколку фамилии блиски до врвот партијата, обвини во средата Марија Андоновоска од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС врши целосен масакар врз здравството во Република Македонија, што ќе има далекусежни последици врз квалитетот на здравствените услуги во иднина. Неодговорниот Таравари по назначувањето на ќерката и зетот на сопственикот на веледрогеријата ‘Елбојор’, за директори на Градската општа болница ‘8-ми Септември’ и Геријатриската болница во Ѓорче Петров, ја назначи и Ирина Пановска Ставридис, ќерка на сопственикот на веледрогеријата Др.Пановски, Златко Пановски, и пријателка на Шекеринска, за директор на Клиниката за хематологија“, истакна Андоновска.
Предупреди дека именувањето директори на здравствените установи, кои се во роднински врски со сопственици на веледрогериите претставува потенцијален ризик за криминал и фрла сомнеж за можна корупција во текот на директорувањето.
„Со именувањето на Пановска за директор на клиниката за хематологија, се отвара можност истата да влијае на својата клиника или во други клиники во процесот на јавни набавки, фаворизирајќи ја веледрогеријата на татко и, создавајќи нелојална конкуренција на пазарот на веледрогерии. Имено во моментот повеќе од 50 отсто од набавките во клиниката за хематологија се од страна на веледрогеријата на доктор Пановски. Со оглед на тоа дека во оваа клиника се лечат многу тешко болни можете да замислите која е висината на цената на овие лекови. Исто така моежете да замислите колку ќе се зголеми овој процент сега откако во оваа клиника е поставена за директор ќерката на истиот тој добавувач. Именувањето на Ирина Пановска, другарката на Шекеринска, за директор на Клиниката за хематологија, покажува дека СДС не сака и никогаш не сакал професионализам во здравството, СДС едноставно сака и има за цел целосна партизација на здравствените установи во Република Македонија“, подвлече Андоновска.
„И поради ваквата неодговорност и неспособност на СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните“, заклучи Андоновска.