
Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов ја претставува Македонија на мапа како дел од „Голема“ Бугарија, а премеирот Зоран Заев, вицепрениеро за европски работи Никола Димитров и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи не го осудуваат, во Коментар на денот го истакна Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Овие луѓе земаат плата од македонскиот народ. Заев и Димитров си молчат кога е нападнат територијалниот суверенитет и интегритет на Македонија. Попустливоста и бизнисите на Заев, нè доведоа до степен на понижување и потчинетост со Бугарија. Додека им дозволува да нè понижуваат сите, државниот врв си планира бизнис зделки со матни ликови во соседството“, рече Андоновски.
Додаде дека што треба друго да се случи, какво ли друго понижување треба да се доживее од источниот сосед за Заев и Димитров воопшто реагираат.
„Значи за Заев не е за осуда што територија на Македонија се најде на карта објавена од бугарскиот вицепремиер. Некадарни да водат држава. Заев и Димитров треба да знаат дека за срамот кој и го приредуваат на Македонија ќе одговараат“, вели Андоновски.