Во „Johnson&Johnson“ загрижени дека нема да можат да ги испорачат дозите во ЕУ во вториот квартал

Американскиот фармацевтски конзорциум „Johnson&Johnson“ ја предупредил Европската унија дека проблеми во снабдувањето може да ги закомпликуваат планот за испораката на 55 милиони дози од вакцината во ЕУ во вториот квартал годинава, изјавил за Reuters функционер на блокот.

Секое ново доцнење во испораките на вакцините против коронавирусот ќе претставува дополнителен удар за плановите на Европската унија кој е веќе отежнат со намалување на испораките од западните производители на вакцините и бавното воведување на процесот на вакцинирањето во многу членки на Унијата.

Од „Johnson&Johnson“ минатата седмица ја информирале ЕУ дека се „загрижени“ дека поради проблемот во снабдувањето со состојките за производство на вакцината и опремата нема да ја исполнат целта за испорака на 55 милиони дози од вакцината до крајот на јуни, изјави за Reuters функционер на ЕУ вклучен во тајните преговори со американската компанија.

Функционерот на ЕУ, кој барал анонимност, додал дека компанијата информирала дека не е невозножно да се исполни целта, но дека покажала претпазливост.

Се очекува дека медицинскиот регулатор на ЕУ на 11-ти март ќе ја одобри вакцината против Covid-19 на „Johnson&Johnson“ којашто се дава во една доза. Функционерите од ЕУ наведоа дека испораките на оваа вакцина би можело да започнат во април. Компанијата се обврзала на испорака на 200 милиони дози од својата вкацина во ЕУ оваа година.

„Во согласност со нашиот договор, очекуваме дека ќе започнеме да ја испорачуваме својата обврска од 200 милиони дози на ЕУ во вториот квартал на 2021 година“, соопштија од „Johnson&Johnson“ и добиле да коментираат можни задоцнувања во испораките.

Од „Johnson&Johnson“ во март почнаа да ја испорачуваат вакцината во САД и до крајот на мај треба да им испорачат 100 дози, но речиси ги преполови своите прогнози з амарт на само 20 милиони дози, додека настојуваат да ги засилат новиот производствени погани.

Еден од портпаролита на Европската комисија одбил да го коментира распоредот на испораките на вакцината од оваа американска компанија. Комисијата ги координира преговорите на ЕУ со производителите на вакцината и се најде на удар на критиките поради својата улога во воведувањето на вакцинацијата во којашто Унијата многу заостанува зад Израел, Велика Британија и САД, кои ја спроведуваат имунизацијата на своето населени со истите американски вакцини.

Интерен документ на министерството за здравство на Германија од 22-ри февруари и распоредот кој министерство за здравство на Италија го објави на 3-ти март, потврдуваат дека „Johnson&Johnson“ според договорот склучен со ЕУ е обврзал на испорака на околу 55 милиони дози во вториот квартал од годинава. Тоа вклучува околу 10 милиони дози за Германија и 7,3 милиони дози за Италија. Се очекува дека во третиот квартал овие залихи за тројно ќе се зголемат.

Меѓутоа, од “„Johnson&Johnson сѐ уште не ги изнесоа податоци за планираните испораки. „Ние всушност не знаеме колку можеме да очекуваме“, рекол за Reuters неименуваниот функционер на ЕУ:

Земјите челнки на ЕУ веќе ги покренаа прашањата претходни годинава за производствената мрежа на „Johnson&Johnson“ и договорот со Унијата според којшто вакцините произведени во холандската фабрија ќе се испраќаат во САД на пакување во шишенца пред повтроно да се препратат во ЕУ.

Друг европски функционер, исто така вклучен во разговорите со производителите на вакцините против коронавирусот, рекол за Reuters дека ЕУ се обидува да ги зајакне индустриските капацитети и ќе ги зголеми пакувањата на тие вакцини во Унијата. Вистинските испораки на вакцините често се разликуваат од договорните обврски, бидејќи произведувачите на вакцините имаат тешкотии со испораките на милионите дози во што побрзо темпо во екот на пандемијата.

Англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ ги намали испораките од 90 милиони дози од вакцината на 40 милиони дози за ЕУ во првиот квартал од 2021 година и ѝ најави на Унијата дека ќе ги преполови резервите на вакцината во вториот крвартал. Подоцна соопшти дека ќе настојува да испорачи повеќе дози на вакцината надвор од Европа. Американските компании „Pfizer“ и „Moderna“, исто така, доцнеа со испораките на вакцината во ЕУ, но успеаја да ги исполнат целите за првите квартали.

Според договорот меѓу Брисел и „Johnson&Johnson“, Европската унија може да нараќа уште 200 милиони дози и трикратно да ги зголеми своите резервио од вакцината на оваа американска компанија.