Откако на сите им стана јасно дека, искусниот играч за врска, Чаби Алонсо, нема да го потпише новиот понуден договор, раководните лица на Реал (М), своето внимание целосно го насочија кон најдобриот фудбалер во дресот на актуелниот шампион на Италија, Јувентус, Андреа Пирло.
Предводникот на “кралскиот клуб”, Карло Анчелоти веќе го има имформирано клупскиот претседател, Флорентино Перез дека сака во пролетниот дел од сезоната на располагање да ги има услугите на Пирло и дека со неговата помош Реал (М) ќе има далеку поголеми шанси за освојување на шампионската титула во шпанската Примера дивизион.
Репрезентативецот на Италија има договор со “старата дама” до крајот на актуелната сезона, а преговорите околу новиот договор се прекинати поради желбата на Пирло да потпише нов 3-годишен договор и да има годишна плата од најмалку 4 мил. евра, но таквото барање е неприфатливо за челниците на Јувентус.