По шест години откако беше притворен и затворен, по настаните во Собранието на 27 април, Јане Ченто за првпат е на слобода. Тој доби слободен викенд.
Јане Ченто беше пречекан од голем број негови пријатели од Прилеп кои се собраа да поразговараат со него.
Вилијам Михајловски на својот Фејсбук профил објави фотографија со баба му и напиша дека таа го дочекала да го види и ќе го дочека и кога конечно ќе излезе на слобода.
Јане Ченто заедно со уште 15 други лица во 2019 година беше правосилно осуден на 13 годишна затворска казна под обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ а во предметот „27 април“ поврзан со упадот во Собранието.