Носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Сопиште, Јане Мицевски од страна на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска доби нова функција.
Тој од денес е назначен за нов в.д. директор на јавното комунално претпријатие – депонијата „Дрисла“, откако градоначалничката вчера го разреши актуелниот в.д. директор Коста Новачевски.
Мицевски, кој беше носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Сопиште, ја потврдил оваа информација за некои од медиумите.
Инаку за потсетување во 2020 година, тогашниот прв човек на Скопје, Петре Шилегов, по девет години, повторно го врати управувањето со депонијата Дрисла под капата на Град Скопје.